Со месеци во странските медиуми се шпекулираше дека Роберт Патинсон и неговата колешка Кристен Стјуарт ја пренесоа нивната романса од екранот во реалноста, но ниту еден од двајцата никогаш немаше признаено за тоа.

На доделувањето на БАФТА наградите, Роберт Патинсон за прв пат призна дека е во врска со Кристен.
23-годишниот актер, познат по улогата на вампирот Едвард Кулен, изјавил: „Многу е тешко, но сме заедно. Не можеме да пристигнуваме во исто време заради обожавателите. Станува лудница. Ова требаше да биде јавно појавување како пар, но е невозможно. Мораме да го правиме ова за да го избегнеме вниманието“.
Гласините дека „Едвард“ и „Бела“ се во врска во реалниот живот започнаа уште за време на снимањето на првиот филм „Самрак“, кон крајот на 2008 година.