Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт ги надминаа проблемите и повторно застанаа заедно пред стотици возбудени фанови на „Twilight“.
Кристен не можеше да ја сокрие насмевката додека позираше во проѕирен секси фустан на Зухаир Мурад и обувки Џими Чу пред премиерата на последниот филм од вампирската сага, „Breaking Dawn Part 2“.
На свечениот настан во Лос Анџелес, Патинсон носеше темно зелен костум. 26-годишниот актер во интервјуата во изминативе неколку седмици вешто ги избегнуваше прашањата за врската со 22-годишната колешка. Иако познатите актери досега немаат потврдено дека ја обновија љубовната врска, тие редовно беа фотографирани заедно на различни забави низ Холивуд.
На огромна радост на многубројните насобрани обожаватели, на премиерата присуствуваа и останатите членови на екипата на „Twilight“ – Тејлор Лотнер, Ешли Грин, Ники Рид, Келан Лац, Дакота Фенинг, Стефани Мајер...