Ѕвездите на филмскиот хит „Самрак“, Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт, очигледно се многу поблиски отколку што сакаат да признаат. Иако на неколкупати двајцата негираа дека се повеќе од пријатели, некои нивни постапки го потврдуваат токму тоа.
Популарниот „вампир“ ги поканил своите родители на тајна вечера во Париз за да ги запознае со неговата 19-годишна колешка. Тоа го потврди тетката на Роберт, Даен Натли, која откри и дека родителите на Патинсон ќе се сретнат повторно со Кристен во Лос Анџелес оваа недела, после премиерата на новиот филм „Млада месечина“.
Со тоа се засилуваат гласините за романсата помеѓу главните ликови од популарната приказна на Стефани Мајер, која го освои светот.
Во галеријата погледнете слики од Роберт и Кристен, кои во моментот го промовираат новото продолжените на „Самрак“ – филмот „Млада месечина“.