Ким Кардашијан очекува јавноста да поверува дека новите фотографии од медениот месец во Мексико се дело на папараци. Но, оддалеку се гледа дека станува збор за умислено позирање пред повикани фотографи.
Провокативните фотографии веднаш по објавувањето го обиколија светот. На нив телевизиската ѕвезда носи бикини, а во одредени моменти ги истакнува своите гради со проѕирна бела маичка.
Не е тајна дека Ким и нејзиното семејство редовно повикуваат папараци за да останат релевантни и да добијат што поголем медиумски простор.
Ким и Кание по неколкудневниот престој во Ирска, беа на меден месец во Пунта Мита, Мексико, каде престојуваа во луксузна вила.
Неодамна стана јасно дека фотографијата од првиот бакнеж на младенците е најлајкуваната фотографија на Instagram (2,3 милиони). Кание призна дека четири дена работел на фотографијата со свој тим за таа да биде совршена. „Разубавувањето“ било фокусирано на цветовите.