Изминатата година беше особено тешка за Ким Кардашијан и Кание Вест. Набрзо откако Ким беше ограбена во Париз, славниот рапер беше хоспитализиран поради влошено ментално здравје.
Додека не стивнуваат гласините за развод, 36-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ сподели домашно видео.
Снимките се семејни моменти на парот со двете деца – Норт и Сент.
По вооружениот грабеж во октомври минатата година, Ким се повлече од јавниот живот и се фокусираше на семејството.
