Ким Кардашијан и Кание Вест ќе станат родители. Веста за бременоста ја објавил 35-годишниот рапер за време на настап во Атлантик Сити.
„Запрете ја музиката и направете врева за мајката на моето бебе“ – со овие зборови ѝ се обратил Вест на публиката. Ким била меѓу присутните.
Гласноговорник на Ким потврдил за медиумите дека таа го очекува своето прво дете. Веднаш по објавувањето на веста, членовите на познатото семејство Кардашијан упатиле честитки до среќниот пар.
„Чекав за да вреснам од покривот од радост и сега можам“ – напиша Кортни.
Се смета дека Ким е во 12-тата недела од бременоста.
Ким и Кание се во врска од април. 32-годишната ѕвезда сè уште не е разведена од Крис Хамфрис со кого беше во брак 72 дена.
Еве го видеото од моментот кога Кание ги извести своите обожаватели за бременоста: