Кание Вест премиерно го објави спотот за „Bound 2“ во шоуто на Елен Деџенерис. Во видеото покрај познатиот рапер, главна улога има неговата свршеница Ким Кардашијан.
Спотот, кој е режиран од Ник Најт, ги покажува Ким (во топлес издание) и Кание како се бакнуваат и си разменуваат нежности додека се возат на мотор.
„Bound 2“ е дел од новиот албум на Кание, „Yeezus“.
Спотот веројатно ќе наиде на многу негативни критики.