Ким Кардашијан и Кание Вест го очекуваат своето второ дете. Веста за бременоста ја објави Ким во кратко видео од шоуто „Keeping Up with The Kardashians“.
Во видеото, Ким ѝ ја соопштува новоста на сестра си Клои, по посетата на својот гинеколог. „Само што ги добив резултатите од тестот на крвта, бремена сум“ – вели Ким.
34-годишната ТВ ѕвезда во неколку наврати имаше изјавено дека со Кание се обидуваат да имаат второ дете.
По двегодишна врска, Ким и Кание стапија во брак во мај минатата година. Славниот пар го доби своето прво дете, ќеркичката Норт Вест, на 15 јуни 2013 година.