Викторија и Дејвид Бекам уште еднаш докажаа зошто редовно се вбројуваат во славните парови со најдобар стил на облекување.
На гламурозниот црвен тепих пред музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк, 40-годишната дизајнерка зачекори во минималистичка бела креација од сопствена колекција и блескав накит од Jacob & Co.
39-годишниот поранешен фудбалер на настапот се појави во елегантно одело од линијата Black Label на Ралф Лорен.
Познатиот пар присуствуваше и на забавата по повод отворањето на изложбата „Charles James: Beyond Fashion“.