Пред точно 17 години Дејвид и Викторија Бекам се заколнаа на вечна љубов, а нивниот брак и понатаму е еден од најстабилните во светот на славните.
42-годишната дизајнерка и 41-годишниот спортист, кои се родители на четири деца, си ја честитаа годишнината со фотографии од свадбата и слатки пораки на Instagram.
Поранешниот фудбалер во описот на фотографијата напиша: „Wow пред 17 години на овој ден се случи ова... Јас бев среќник што запознав личност која е исто толку амбициозна и ги сакаше истите нешта во животот како и јас. Ние создадовме 4 прекрасни деца, за кои не можев да посакам погрижлива и попосветена мајка. Честита годишнина, Те сакам.“
Од друга страна, Викторија ја сподели пораката: „Се чувствувам многу сакана и навистина благословена. Мој најдобар пријател, моја љубов. Најдобриот маж кој ме инспирира секој ден. Честита годишнина на најдобриот сопруг и татко на светот!!!“
Љубовната приказна на славниот пар започна во 1997 година, кога Викторија беше дел од Spice Girls. Нивната врска веднаш привлече огромно медиумско внимание. На 4 јули 1999 година, четири месеци по раѓањето на нивниот прв син, тие направија луксузна свадба во Ирска.
Дејвид и Викторија имаат четири деца – 17-годишниот Бруклин, 13-годишниот Ромео, 11-годишниот Круз и 5-годишната Харпер.