Обвинувањата за неверство од страна на проститутката Ирма Ничи очигледно многу го разлутија Дејвид Бекам, затоа што тој реши да покрене тужба против неа со која бара оштета од 5 милиони фунти.

Тужбата на 35-годишниот фудбалер е последица на јавните изјави на 26-годишната Ирма дека таа заедно со уште една девојка имале тројка со Дејвид.
Но, Бекам одговорноста за ваквите обвинувања нема да ја бара само кај Ирма. Тој ќе бара и извинување на насловната страна од американското списание кое ја објави приказната дека во 2007г. Бекам ѝ платил 3200 фунти на Ирма и уште 1500 фунти на друга проститутка за да имаат секс со него.

Без разлика дали тоа беше целта или не, ваквите обвинувања воопшто не ги нарушија односите на Викторија и Дејвид. Викторија стои зад одлуката на својот сопруг за тужба и е исклучително бесна, затоа што ваквите приказни ќе ги вознемират нивните деца.