Анџелина Џоли и Бред Пит предизвикаа вистинска еуфорија на премиерата на „Maleficent“ во Лос Анџелес.
Златниот пар на Холивуд ги поздрави насобраните фанови и позираше на синиот тепих. Во духот на улогата на „господарка на сето зло“, Џоли носеше драматичен црн долг фустан од модната куќа Версаче, додека нејзиниот свршеник избра црно одело од италијанскиот бренд Гучи.
На премиерата присуствуваа и децата на Џоли и Пит. Единствено беше отсутна малата Вивиен која се појавува во филмот во улогата на малата принцеза Аурора.
Ел Фенинг шармираше во сино-виолетов фустан од високата мода на Ели Сааб, кој е соодветен на нејзината улога на принцезата Аурора.
Модерната верзија на бајката „Заспаната убавица“ се очекува да биде вистински хит во кино салите.