Веќе подолго време во странските медиуми се зборува за проблемите на Бред Пит и Анџелина Џоли. Неодамна, News Of The World објави вест дека семејството Бранџелина се разделува и дека веќе е потпишан договор за разделување на нивното богатство и за старателството над децата.

Но, според изјавата на адвокатот на Бранџелина, познатиот пар нема намера да ја прекине својата врска и законски ќе ги гони медиумите кои се обидуваат да шират вести за нивната наводна разделба.
За списанието People, адвокатот на Бранџелина изјавил: „Можеме да потврдиме дека тврдењата публикувани од News Of The World се неточни“.

Во неделата, Анџелина и Бред присуствувале на големото рагби финале во Мајами, Super Bowl. Однесувањето на познатиот холивудски пар воопшто не покажувало дека се пред разделба. Напротив, нивните бакнежи и милувања изгледале многу вистински.
Дали бакнежите и прегратките на Бред и Анџелина се вистински или само глума, времето ќе покаже.