Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Љубовната приказна на Анџелина Џоли и Бред Пит

Љубовната приказна на Анџелина Џоли и Бред Пит

Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит е „жешка“ тема која го разгори интернетот и им даде храна на таблоидите. Додека масовно се шират шпекулации, а на социјалните мрежи се редат меме до меме, да се навратиме на љубовната приказна на златната двојка на Холивуд.

Анџелина Џоли и Бред Пит

2004

Популарните актери се запознаа на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“. Во тоа време Бред беше во брак со Џенифер Анистон, а Џоли беше самохрана мајка на Медокс, кој го посвои од Камбоџа.

Иако многумина веруваат дека нивната врска започна додека Бред сè уште беше женет, Џоли во неколку наврати негираше дека имале афера пред неговата разделба. „Да бидам интимна со женет маж кога мојот татко ја изневери мајка ми е нешто што никогаш не би си го простила. Не би можела да се погледнам во огледало наутро ако го направев тоа. Не ме привлекува маж кој би ја изневерил жена си“ – изјави Џоли.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

Таа призна дека нивната љубов се родила за време на снимањето на филмот, но тие останале само многу добри пријатели до крајот на снимањето. „Поминувавме многу време во размислување и разговори за тоа што двајцата сакаме во животот и сфативме дека сакаме многу, многу слични нешта. Долго време останавме многу, многу добри пријатели“ – рекла таа во интервју за „Вог“.

За време на промотивната турнеја за „Mr. & Mrs. Smith“, Џоли и Пит одржуваа дистанца, што е очигледно од фотографиите.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2005

Џенифер Анистон и Бред Пит објавија дека се разделуваат во јануари 2005 година. Во март истата година, Џенифер поднесе документи за развод.

Поради огромната медиумска врева околу разделбата, неговата врска со Џоли на почетокот беше само шпекулација. Но, нивната тајна љубов беше разоткриена кога папараци ги уловија Анџелина, Бред и Медокс заедно на плажа во Кенија.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Само неколку месеци по разделбата со Џенифер, Бред и Анџелина снимија едиторијал за „W“ во кој глумеа среќен брачен пар со неколку деца. Фотосесијата беше критикувана од јавноста, а и Анистон не беше рамнодушна. „Светот беше шокиран и јас бев шокирана“ – искоментира таа, години подоцна.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2006

Анџелина објави дека е бремена во јануари 2006 година, а само неколку месеци подоцна ја посвои Захара од Етиопија.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

За да ги избегнат папараците и медиумите, Анџелина и Бред отпатуваа во Намибија за раѓањето на нивното прво биолошко дете. Шајло се роди на 27 мај 2006 година.

Кон крајот на истата година, тие за првпат зачекорија заедно на црвениот тепих.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2007

Анџелина го посвои Пакс од сиропиталиште во Виетнам како самохран родител. Еден месец подоцна, презимето на момчето беше променето во Џоли-Пит.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2008

За време на Канскиот филмски фестивал, Анџелина и Бред објавија дека ќе станат родители и на близнаци.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

Во јули истата година, Џоли ги роди Нокс и Вивиен во Франција. Првите фотографии од близначињата со родителите им беа продадени на списанијата „People“ и „Hello!“ за неверојатни 14 милиони долари. Тоа се најскапите фотографии од славните направени кога било досега. Целата сума тие ја донираа во нивната фондација.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

Во ноември 2008 година, списанието „W“ објави фотографии од Џоли, направени од самиот Пит.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2009

Во интервју за „Parade“, Пит зборуваше за евентуалниот брак со Џоли: „Имам љубов во мојот живот, сродна душа – апсолутно. Кога некој ме праша зошто не стапуваме во брак, му одговорив: можеби ќе се земеме кога законски секој ќе може да стапи во брак. Верувам дека секој треба да има исти права. Велат дека браковите на хомосексуалците уништуваат семејства и ги повредуваат децата. Привилегиран сум да гледам како мои геј пријатели се родители и да ги гледам децата да растат во средина полна со љубов.“

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2010

„Децата дефинитивно нè врзуваат, но една врска не може да опстои ако се само децата. Мора и да сте заинтересирани еден за друг и да имате навистина, навистина прекрасни и возбудливи моменти заедно. Ние имаме. Со Бред обожаваме да сме заедно. Уживаме. Ни е потребно тоа и секогаш пронаоѓаме специјално време само за нас. Остануваме поврзани. Разговараме. Тоа е многу важно“ – изјави Џоли.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2011

Џоли ги негираше гласините за тајна свадба. „Нема тајна свадба. Не сум бремена. Не посвојувам во моментов“ – изјави таа.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

Во интервју за „Parade“, Пит изјави: „Едно од најголемите, најпаметните работи кои некогаш сум ги направил е што им ја дадов на моите деца Енџи за мајка. Таа е толку добра мајка. Ох, човеку, толку сум среќен што ја имам.

„Мислам, колку приказни имате прочитано што не се точни, приказни за мене и за Енџи дека сме во брак или дека се караме или дека сме разделени? И кога нема да се разделиме, започнува нова рунда како сме се смириле и дека повторно сме задно! Ќе се земеме кога секој ќе може да го направи тоа. Не се разделуваме. И сè уште немаме седмо дете.“

Анџелина Џоли и Бред Пит

Во друго интервју, тој призна: „Задоволен сум од тоа што направив правилни избори и што ја открив жената која ја сакам, Енџи, и што изградив семејство кое го сакам толку многу. Семејството е ризична работа, бидејќи колку што е поголема љубовта, толку е поголема и загубата.“

Анџелина Џоли и Бред Пит

2012

Бред конечно ѝ го постави големото прашање на Џоли. Менаџерката на Пит ја потврди веста. „Да, потврдено е. Тоа е ветување за иднината и нивните деца се многу среќни. Засега нема одреден датум за свадбата“ – изјави таа.

Свршеничкиот прстен беше дизајниран од Бред во соработка со Роберт Прокоп.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2013

Анџелина објави дека превентивно ги отстрани двете дојки откако генетски тестови покажале дека е голема веројатноста да заболи од рак. Во своето писмо, таа напиша дека постојано добивала поддршка од Пит.

„Среќна сум што имам партнер, Бред Пит, кој е толку полн со љубов и ме поддржува. Па, до сите кои имаат жена или девојка која минува низ ова, знајте дека сте многу важен дел од транзицијата. Бред беше во Pink Lotus Breast Center, каде бев лекувана, секоја минута од операцијата. Успеавме да пронајдеме моменти да се смееме. Знаевме дека ова е правилното нешто за нашето семејство и дека тоа ќе нè зближи. И така беше“ – напиша Џоли во отворено писмо за „The New York Times“.

Анџелина Џоли и Бред Пит

2014

Парот стапи во брак во замокот Миравал, Франција, на 23 август. Џоли зачекори кон олтарот заедно со своите највозрасни деца – Медокс и Пакс. Таа носеше фустан од модната куќа Версаче. Белата венчаница е уникатна и ја отсликува креативноста на децата на Џоли и Пит. Имено, кројачот Луиџи Маси рачно ги декорирал венчаницата и велот со цртежи од рацете на Медокс, Пакс, Захара, Вивиен, Шајло и Нокс. „Сакав децата да бидат дел од сѐ, вклучувајќи го и фустанот, затоа што тоа е нашето семејство... Тие се наши најдобри пријатели и луѓето кои ни се најблиски“ – изјави Анџелина.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

По свадбата, парот го започна снимањето на својот втор заеднички филм – „By the Sea“. Романтичната драма е напишана и режирана од самата Џоли.

2015

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

2016

Џоли поднесе документи за развод и побара старателство над шесте деца. Како причини за разводот се наведуваат конфликти околу децата, злоупотреба на супстанции и проблеми со контролата на бесот. Наводно, Џоли ја донела одлуката заради односот на Бред кон децата. „Оваа одлука е донесена за здравјето на семејството. Таа нема да коментира засега и бара на семејството да му биде дадена приватност за време на овој тежок период“ – изјави адвокатот на Џоли.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.