Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли доби привремено старателство над децата, Бред Пит има право на посети под надзор

Анџелина Џоли доби привремено старателство над децата, Бред Пит има право на посети под надзор

Анџелина Џоли и Бред Пит минуваат низ тежок период. Златната двојка на Холивуд се разведува, а старателството над шесте деца привремено го доби Џоли.

Славните актери се договориле Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс одреден период да останат со нивната мајка. Пит ќе има право на посета на своите деца, но под услов средбите да бидат набљудувани од психотерапевт, кој подоцна ќе одлучи дали посетите и во иднина ќе се одвиваат под надзор.

Анџелина и Бред со децата Анџелина со децата Анџелина со децата

Џоли поднесе документи за развод од Пит на 19 септември, а како причини за разделбата се наведуваат конфликти околу децата, злоупотреба на супстанции и проблеми со контролата на бесот. Наводно, Анџелина ја донела одлуката заради односот на Бред кон децата.

Во текот на изминатата недела, Пит доброволно се тестирал за дрога и алкохол, а резултатите од првите испитувања биле негативни.

Анџелина и Бред Анџелина со децата

52-годишниот актер и 41-годишната актерка беа во врска повеќе од една деценија. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“. Својата љубов ја крунисаа со венчавка во Франција на 23 август 2014 година.

Анџелина и Бред Анџелина и Бред со децата Анџелина и Бред со децата

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20800 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.