Анџелина Џоли и Бред Пит ги финализираат деталите околку разводот, алиментација и старателство над нивните шест деца.
43-годишната актерка и 55-годишниот актер за првпат беа фотографирани заедно три години по разделбата. Поранешната „Златна двојка на Холивуд“ беше видена додека преговараше со адвокати на состанок.
Бред беше фотографиран и кога влегуваше во својот автомобил.
Џоли поднесе документи за развод од Пит на 19 септември 2016 година, а како причини за разделбата се наведуваа конфликти околу децата, злоупотреба на супстанции и проблеми со контролата на бесот. Наводно, Анџелина ја донела одлуката заради односот на Бред кон децата.
Џоли и Пит беа во врска повеќе од една деценија. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“. Својата љубов ја крунисаа со венчавка во Франција на 23 август 2014 година. Заедно имаат три биолошки и три посвоени деца.