Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџeлина Џоли убавица со продорен поглед за „Vanity Fair“

ФОТО: Анџeлина Џоли убавица со продорен поглед за „Vanity Fair“

Анџелина Џоли е лицето од декемвриската корица на угледното списание „Vanity Fair“. Продорниот поглед на 39-годишната актерка е во фокусот на фотографијата која е дело на Марио Тестино.

Анџелина Џоли

Засега е објавена само уште една фотографија од едиторијалот.

Анџелина Џоли

Во интервјуто за списанието, Џоли зборувала за бракот со Бред Пит и интимната венчавка, а признала и дека не ја исклучува можноста за влегување во политиката.

Присетувајќи се на свадбениот ден, Џоли изјавила: „Немаше торта, па Пакс направи торта. Децата направија мали перничиња за прстените. Мајка му на Бред собра цвеќиња и ги врзавме“. Таа дополнила и дека децата побарале од неа и од Бред секогаш да си велат „извини“ за време на расправија.

За следниот месец е закажана премиерата на новиот филм на Џоли, „Unbroken“. Филмот е базиран на вистинска приказна за Луи Замперини, воен херој заробен и мачен од Јапонците за време на Втората светска војна. Замперини неодамна почина, но во последните денови од животот Џоли успеа да му го покаже „Unbroken“.

За последната средба, Џоли низ солзи коментирала: „Беше екстремно емотивно искуство да гледаш некого како си го гледа сопствениот живот и тоа во моменти кога телото му откажува. И покрај сè, ние се смеевме и разговаравме за неговата мајка. Како човек со силна верба, тој зборуваше за сите луѓе кои веруваше дека ќе ги види на другата страна.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18970 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.