Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ќерките на Анџелина Џоли и Бред Пит донираа облека за сиромашни деца во Камбоџа

Ќерките на Анџелина Џоли и Бред Пит донираа облека за сиромашни деца во Камбоџа

Двете најголеми ќерки на Анџелина Џоли редовно покажуваат дека хуманоста е наследна, донирајќи облека за сиромашни деца. Захара и Шајло беа фотографирани како му помагаат на семејство од Камбоџа, кое живее во лоши услови.

Захара и Шајло Захара и Шајло Захара и Шајло

10-годишната Захара и 9-годишната Шајло не дозволуваат луксузот во кој живеат да ги спречи да ги негуваат своите контакти со врсниците од сиромашните подрачја на Камбоџа, каде мајка им го снима нејзиниот нов филм „First They Killed My Father: A Daughter Of Cambodia Remembers“.

Девојчињата се запознале со 16-годишната Леида Шоун, која има 12 браќа и сестри, додека купувале сладолед со татко си Бред Пит. Тие биле толку трогнати од нејзината животна приказна, што одлучиле редовно да ѝ помагаат нејзе и на нејзините браќа и сестри кои се на возраст меѓу 16 месеци и 23 години.

Захара и Шајло Захара и Шајло Захара и Шајло

Досега, Захара и Шајло неколкупати донирале облека за истото семејство и им имаат купено два нови велосипеди. „Имавме само еден велосипед за целото семејство и беше многу стар, па тоа беше неверојатен подарок за нас“ – рекла Леида во интервју за Daily Mail.

„Шајло и Захара и нивното семејство се многу добри луѓе. Се познаваме извесно време и тие ни помагаат. Со Шајло и Захара се запознавме во Сијем Реап и си играме заедно со нив“ – додала Леида.

Захара и Шајло Захара и Шајло Захара и Шајло

Захара и Шајло се двете најголеми ќерки на Анџелина Џоли и Бред Пит, кои имаат уште четири други деца – Медокс, Пакс, Нокс и Вивиен.

Анџелина Џоли со своето семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20941 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.