Анџелина Џоли е среќна што нејзините заложби за заштита на жените од насилство не се залудни.
46-годишната актерка беше поканета во Белата куќа на обновувањето на Законот за спречување на насилството врз жените, откако претходно одржа емотивен говор пред Сенатот.
Џоли беше придружувана од 17-годишната ќерка Захара. Холивудската ѕвезда изгледаше елегантно во бежов фустан.
„Како што знаат оние кои преживеале насилство, на жртвите во нашиот пропаднат систем не им е дозволено да бидат гневни. Треба да се смирени и трпеливи... Но, обидете се да останете смирени кога чувствувате како некој да ви ја држи главата под вода и се давите. Обидете се да останете смирени кога гледате дека е повредуван некој што го сакате...“ - изјави Џоли во нејзиниот говор.
Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека е време да се промени културата, а не само законот за спречувањето на насилството врз жените.