Вивиен Џоли-Пит ги следи стапките на своите славни родители. 4-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит доби мала улога во филмот „Maleficent“.
Слаткото девојче ќе биде детска верзија на принцезата Аурора, додека улогата на возрасната Аурора ѝ припаѓа на Ел Фенинг.
Анџелина Џоли ја има главната улога во филмот кој ја раскажува приказната за заспаната убавица, но од перспектива на злобната самовила или „господарката на сето зло“. Филмот ги открива настаните кои го скаменија нејзиното срце и ја натераа да го проколне бебето Аурора.
Премиерата на филмот се очекува да биде на 14 март 2014 година.