Тејлор Свифт и Калвин Харис знаат како да го искористат слободното време. 26-годишната пејачка и 32-годишниот диџеј моментално уживаат на романтичен тропски одмор.
Музичките ѕвезди споделија фотографии на своите профили на Instagram на кои се бакнуваат и разладуваат во бистрите води.
Свифт објави и фотографија на која на песокот има испишано ТС+АВ. А.В. се иницијалите од вистинското име на Калвин – Адам Вајлс.
Талентираните музичари неодамна ја прославија својата прва годишнина. Харис ѝ поклонил на Свифт ланче со приврзок во облик на срце, на кој е изгравиран датумот на кој тие ја започнаа својата врска – 3.6.2015. „Тој го купи медалјонот сам. Калвин знае дека Тејлор ги цени малите значајни работи, затоа помисли дека ова ќе биде совршениот подарок за неа“ – изјавил извор близок на парот.