Тејлор Свифт и Калвин Харис ставија крај на својата љубовна романса. Славните музичари се разделија по 15 месеци поминати заедно.
Според извор близок на парот, причина за разделбата на 26-годишната пејачка и 32-годишниот диџеј не била изневерување. „Немаше драма. Нештата едноставно не успеваат понекогаш. Немаше изневерување“ – изјавил изворот за People.
Музичките ѕвезди ја започнаа својата врска во март минатата година.
Харис неодамна доживеа сообраќајна несреќа и неколку дена престојуваше во болница, а Свифт му ја дала својата поддршка и била покрај него во тешкиот период. „Тоа се случи минатата недела. Тејлор и Адам немаа голема расправија, едноставно немаше повеќе романса меѓу нив. Адам беше тој кој стави крај“– објаснил анонимен извор за E! News. „Тејлор беше таму за Адам по неговата несреќа и го поддржуваше“ - додал изворот.