Богатството на Тејлор Свифт се зголемува со вртоглава брзина. 26-годишната музичка ѕвезда за само една година додаде на својата сметка 170 милиони долари и со тоа стана најплатената славна личност за 2016 година според Forbes.
Најголемиот дел од профитот на популарната пејачка доаѓа од нејзината светска турнеја „1989“, како и од договори со Diet Coke, Keds и Apple.
Листата е направена врз основа на заработката на сите славни личности во периодот од јуни 2015 до јуни 2016 година.
Минатата година таа беше на осмото место на листата на најплатени ѕвезди од шоу-бизнисот со заработка од 80 милиони долари.
На второ место застана популарната британска група „One Direction“ (110 милиони долари), а третото место му припадна на писателот Џејмс Патерсон (95 милиони долари).
Кристијано Роналдо е на 4-тото место со 88 милиони долари, Адел го зазеде 9-тото место со 80,5 милиони долари, а Мадона е на 12-тото место со 76,5 милиони долари.