На врвот на новата листа на Forbes која ги рангира паровите со најголема заработка застана релативно нова двојка.
Тејлор Свифт и Калвин Харис ги турнаа Бијонсе и Џеј Зи од врвот. Вкупната заработка на
Освен од продажба на албуми и музички турнеи, парот заработува и од профитабилни договори со светски компании. Така, Свифт соработува со Diet Coke, Keds и Sony, додека Харис е заштитно лице на Џорџо Армани и Sol Republic.
Бијонсе и Џеј Зи имаат заедничка заработка од 110,5 милиони долари. Освен од музиката, брачниот пар заработува и од странични бизниси. Џеј Зи ја поседува компанијата Roc Nation, брендот за шампањ Armand de Brignac и брендот за коњак D’Ussé. Бијонсе од своја страна има лансирано неколку парфеми, а има соработувано и со компании како Pepsi и H&M.
На почетокот на следната недела Forbes ќе ја објави листата на стоте лица од шоу-бизнисот кои оствариле најголема заработка во изминатава година.