Тејлор Свифт ужива во нова романса. Неколку седмици по раскинувањето со Калвин Харис, 26-годишната поп-ѕвезда беше фотографирана додека си разменуваше бакнежи и нежности со Том Хидлстон.
Парот беше фотографиран на плажа во Род Ајленд, во близина на еден од домовите на Свифт.
Том и Тејлор привлекоа големо медиумско внимание со забавниот танц за време на МЕТ балот на почетокот на мај. Според непотврдени информации, 35-годишниот актер оттогаш бил заинтересиран за музичката ѕвезда.
Свифт и Харис се разделија по 15-месечна врска. Преку социјалните мрежи славниот диџеј ја потврди веста за раскинувањето со пораката: „Единствената вистина е дека една врска стигна до својот крај. Остана само огромна љубов и почит“. Но, откако беа објавени фотографиите од Свифт и Хидлстон, Харис го избриша тој твит.