Годината којашто изминува дефинитивно беше најуспешната година за Тејлор Свифт.
Младата музичка ѕвезда не само што стана милијардерка, туку се запиша во Гинис со нејзината турнеја „Eras“, која стана Турнеја со најголема заработка во историјата. Списанието TIME ја прогласи за Личност на годината, Тревис Келси ѝ го освои срцето, а фановите од целиот свет со задоволство ги следеа нејзините успеси.
По повод 34-тиот роденден на славната пејачка, погледнете некои од нејзините највпечатливи стилски моменти досега: