Екстравагантната свадба на Ким Кардашијан и Кание Вест привлече огромно медиумско внимание и многумина се обидуваа да стигнат до првите фотографии од венчавката.
33-годишната невеста го изговори судбоносното „Да“ во фустан од Живанши, дизајниран од Рикардо Тиши, кој е многу близок пријател на младоженецот. Списанието „People“ ја објави првата свадбена фотографија на која се гледа дека Ким носи и превез.
Папарацо фотографиите со низок квалитет откриваат и дека парот се венча пред голем цветен ѕид.
Свадбената церемонија се одржа во Фиренца, Италија. Околу 200 гости присуствувале на свеченоста. Сите тие биле превезени со приватни авиони од Париз, каде беа предсвадбените прослави.
Во текот на вечерта Ким се пресоблекла и во фустан дизајниран од Оливие Рустан.
Ова е прв брак за Кание, а трет за Ким.