Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Памела Андерсон: Бев силувана на 12 години и групно силувана на 15 години

Памела Андерсон: Бев силувана на 12 години и групно силувана на 15 години

Памела Андерсон зборувала за најтешките мигови од детството и тинејџерските години за време на свечената вечера во Кан по повод основањето на Фондацијата Памела Андерсон.

46-годишната ѕвезда ги шокирала гостите со искрен говор за малтретирањето во детството од страна на дадилката и силувањата кои се мрачни точки во нејзиниот живот.

Памела Андерсон

„Бев малтретирана од 6 до 10-годишна возраст од мојата дадилка. Отидов во куќата на момчето на моја пријателка, додека таа беше зафатена. Постариот брат на момчето одлучи да ме научи да играм табла, а тоа доведе до масажа на грбот, а тоа доведе до силување – моето прво хетеросексуално искуство. Тој имаше 25 години, јас имав 12 години.“

„Моето прво момче реши дека би било забавно групно да ме силува, со шест од неговите пријатели. Нема потреба да споменувам дека ми беше тешко да им верувам на луѓето. Сакав да ме снема од оваа планета.“

„Родителите се обидуваа да ме заштитат, но за мене светот не беше безбедно место. Татко ми, алкохоличар, мајка ми работеше на две места како келнерка. Мајка ми секогаш плачеше. Татко ми не се враќаше секогаш дома, оставајќи нè во ужасна болка и грижи. Не сакав да ѝ го кршам срцето повеќе отколку што веќе ѝ беше скршено. Ги зачував тие настани за себе. Понекогаш кога се смееш, не е заради тоа што си среќен, туку заради тоа што си силен (нејзини зборови)“ – рекла Андерсон.

Токму тие немили настани придонеле Памела да престане да им верува на луѓето и да ја зголеми својата љубов и грижа за животните. Нејзината хуманитарна фондација е насочена кон заштита на човековите права, заштита на правата на животните и заштита на животната средина.

Памела АндерсонПамела со дизајнерката Вивиен Вествуд во Кан

Андерсон долги години остварува блиска соработка со многу организации, меѓу кои и ПЕТА.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18980 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.