Памела Андерсон го продаде луксузниот имот кој го поседуваше во Малибу.
54-годишната актерка ги предаде клучевите од домот на нов сопственик кој беше подготвен да плати 11,8 милиони долари.
Куќата, која се протега на површина од 250 м2 се состои од 4 спални соби и 4 бањи, а Андерсон ја објави на продажба во март годинава со цена од 14,9 милиони долари. Истата, таа ја купи во 2000 година за 1,8 милиони долари.