Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Памела Андерсон во тајност се омажи по петти пат

Памела Андерсон во тајност се омажи по петти пат

Памела Андерсон по петти пат се заколна на вечна љубов.

52-годишниот модел се омажи за Џон Питерс со кого беше во врска пред 30 години. Церемонијата се одржала во Мајами.

Памела Андерсон

Памела и 74-годишниот продуцент пред неколку месеци ја обновија романсата. За неговата љубов кон Памела тој изјави: „Има убави девојки насекаде. Можев да избирам, но 35 години, ја сакав само Памела. Таа ме полудува, на добар начин. Таа ме инспирира. Ја штитам и се однесувам со неа како што заслужува.“

Памела АндерсонПамела со Џон во 1989 година

И Памела и Џон имаат зад себе по четири неуспешни брака.

Пред шест месеци Памела објави дека ја прекинува врската со фудбалерот Адил Рами откако дознала дека ја изневерувал.

Памела АндерсонПамела со Адил Рами

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.