Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Памела Андерсон во природно издание: Поранешната секс бомба без шминка на ревии во Париз

Памела Андерсон во природно издание: Поранешната секс бомба без шминка на ревии во Париз

Памела Андерсон освојува со потполно природен изглед на Париската недела на модата, рушејќи ги стандардите за убавина.

56-годишната актерка присуствуваше на неколку ревии на кои се појави без шминка, облечена во едноставни креации, а повторно успеа да застане во фокусот. Поранешната секс бомба доби комплименти од многу интернет корисници, но и од многу славни личности.

За ревијата на Изабел Марант, Памела носеше жолта креација.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

На модното шоу на Викторија Бекам, Памела облече женствена креација која ја искомбинира со високи потпетици на платформа. Запрашана која е нејзината тајна за убавината, таа одговори:

„Деновиве: ‘Не прави ништо’. Разбуди се. Што и да се случува, нека се случува. Тука станува збор за самоприфаќање. Моментално сум во тоа поглавје од мојот живот. Понекогаш тоа е голем предизвик. Мора да сфатиш дека си доволно добра, дека си убава. Да се брка младоста е бескорисно. Никогаш нема да ја стигнеме, па зошто да не ја прифатиме реалноста? Откако зачекорив низ вратата изгледајќи како себеси, почувствував огромно олеснување. Се чувствувам подобро. Сега се облекувам за мене, не за сите останати“.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Памела беше фотографирана уште во неколку изданија без шминка.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20783 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.