Почетна » Новости » Мода » 56-годишната Памела Андерсон без грам шминка во нова модна кампања

56-годишната Памела Андерсон без грам шминка во нова модна кампања

Памела Андерсон неодамна одлучи да ја фрли скапата декоративна козметика и да се посвети на негување на природниот изглед.

56-годишниот модел сними модна кампања за брендот Proenza Schouler, а на рекламната фотосесија се појави без грам шминка.

Поранешната секс бомба самоуверено позираше во неколку креации од њујоршката модна куќа.

Памела Андерсон Памела Андерсон

Неодамна, Памела изјави дека не сака да ја брка младоста, бидејќи наскоро ќе наполни 60 години и го прифаќа својот изглед.

„Станува збор за самоприфаќање. Моментално сум во тоа поглавје од мојот живот. Понекогаш тоа е голем предизвик. Мора да сфатиш дека си доволно добра, дека си убава. Да се брка младоста е бескорисно. Никогаш нема да ја стигнеме, па зошто да не ја прифатиме реалноста?“ - рекла таа.

Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон Памела Андерсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20788 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.