E! News ги објави првите официјални фотографии од свадбата на Ким Кардашијан и Кание Вест.
На една од фотографиите е прикажан првиот бакнеж на младенците по венчавката пред огромен ѕид со цвеќиња во Forte di Belvedere во Фиренца, Италија.
Славниот пар бил облечен во креации на Живанши, дизајнирани од нивниот близок пријател Рикардо Тиши. Раскошната венчаница била рачно изработена специјално за невестата, а со неа доаѓал и долг превез со тантела.
На екстравагантната свадбена прослава, Кание и Ким за првпат танцувале како сопруг и сопруга на песната „All of Me“, испеана лично од Џон Леџенд.