Скарлет Јохансон е пред развод. Холивудската ѕвезда и Французинот Ромен Дорјак ставија крај на 2-годишниот брак.

Странските медиуми стигнаа до информација дека тие се разделени уште од летото. Парот има двегодишна ќерка – Роуз Дороти.


Скарлет и францускиот новинар ја објавија свршувачката во септември 2013 година, а една година подоцна запливаа во брачните води. Претходно убавата актерка две години беше во брак со Рајан Рејнолдс.
