Скарлет Јохансон ќе стане мајка. Холивудската ѕвезда и нејзиниот свршеник Ромен Дорјак го очекуваат своето прво дете.
29-годишната актерка и францускиот новинар неодамна зачекорија заедно на црвениот тепих на Cesar Film Awards во Париз, но никој не забележа дека таа е во блажена состојба иако се претпоставува дека е во петтиот месец од бременоста.
Скарлет и Ромен потврдија дека се свршиле во септември минатата година. Претходно убавата актерка беше во брак со Рајан Рејнолдс.