Скарлет Јохансон и Ромен Дорјак станаа родители на девојче. 29-годишната актерка се породила во Њујорк, а малото бебенце го добило името Роуз Дороти.
Претставник на Јохансон ја потврдил веста за породувањето и соопштил дека мајката и бебето се чувствуваат одлично. Тој дополнил и дека парот сака да го чува својот личен живот подалеку од медиумите.
Скарлет и францускиот новинар ја објавија свршувачката во септември минатата година. Претходно убавата актерка беше во брак со Рајан Рејнолдс.