Една од најубавите холивудски актерки повторно планира да заплива во брачните води. Скарлет Јохансон се вери со Ромен Дорјак.
Претставник на 28-годишната актерка ја потврдил свршувачката. „Можам да потврдам дека Скарлет и Ромен се верени. Сè уште немаат избрано датум за свадба“ – рекол тој.
Францускиот новинар ѝ предложил брак на Јохансон со прстен во арт деко стил, кој таа го носеше на премиерата на филмот „Under the Skin“ во Венеција.
Ова ќе биде втор брак на Скарлет, која во 2008 година му го кажа судбоносното „Да“ на Рајан Рејнолдс. Разводот на Скарлет и Рајан беше финализиран на 1 јули 2011 година.