Скарлет Јохансон е прогласена за Најсекси жена за 2013 од машкото списание „Esquire“. Русокосата убавица е единствената жена која ја добива оваа титула по вторпат.
28-годишната актерка ја „наследи“ Мила Кунис, која минатата година беше почестена со титулата „најсекси“.
Јохансон, која неодамна се вери со Французинот Ромен Дорјак, во интервју за списанието изјавила дека претпочита да е со маж кој е малку љубоморен, наместо со маж кој никогаш не покажува љубомора. Кога станува збор за љубомора од нејзина страна, таа коментирала: „Не мислев дека сум љубоморна личност сè додека не започнав врска со мојот сегашен, мојот еден и единствен.“
Скарлет докажа дека заслужува да биде нарекувана најсекси жена со едиторијалот „Во спалната соба со Скарлет Јохансон“ со фотографот Винсент Питерс.
Претходни добитнички на титулата беа: Мила Кунис (2012), Ријана (2011), Минка Кели (2010), Кејт Бекинсејл (2009), Хали Бери (2008), Шарлиз Терон (2007), Скарлет Јохансон (2006) и Џесика Бил (2005).