Ким Кардашијан и Кание Вест се заколнаа на вечна љубов. По неколкудневни прослави во Париз, парот се венчал во Фиренца, Италија.
Според информациите до кои дојдоа странските медиуми, славниот Андреа Бочели пеел додека Ким се упатувала кон својот избраник. Судбоносното „Да“ парот го изговорил пред огромен ѕид со цветови.
Парот избра да ја круниса својата љубов во Фиренца зашто токму таму била зачната нивната ќерка Нори.
Околу 200 гости присуствувале на свеченоста. Сите тие биле превезени со приватни авиони од Париз, каде беа предсвадбените прослави.
Вечерта пред свадбата, Ким и Кание направија забава во Версајскиот дворец. На првите фотографии од свадбата се гледа дека Лана Дел Реј ги забавувала гостите, кои добиле и приватна тура низ дворецот.
Истиот ден парот бил почестен и со бранч организиран од дизајнерот Валентино во неговиот замок.
Ким се забавуваше во Париз со своите најблиски и за моминската забава.
Ова е прв брак за Кание, а трет за Ким.