Каролина Гочева се вери со Михаил Корубин.
37-годишната пејачка беше запросена од својот сакан во романтичниот Париз, а среќната вест дека му кажа „ДА“ ја објави пред неколку часа на својот профил на Instagram. Гочева сподели и фотографија на која Корубин нежно ја бакнува на челото.
Се шпекулира дека познатата македонска ѕвезда и истакнатиот уметник се заедно околу една година.
Каролина објави уште една фотографија од својот престој во Градот на светлината и љубовта.