Почетна » Новости » Занимливости » Афродизијакот на Каролина Гочева „AVON Attraction“ пристигна во Македонија

Афродизијакот на Каролина Гочева „AVON Attraction“ пристигна во Македонија

Првиот парфем кој е специјално создаден да го привлече спротивниот пол, AVON Attraction, пристигна и во Македонија, а заштитно лице на овој сензуaлен мирис за нашиот пазар е познатата пејачка Каролина Гочева.

Креирани се и машка и женска верзија кои како заедничка нота имаат магнетен мошус и пред да се појават во продажба беа тестирани на стотици љубовни двојки ширум светот. Тие еден викенд поминале заедно користејќи го само Avon Attraction, што предизвикало голем број интересни искуства и учесниците на крајот изјавиле дека парфемот ја зголемил нивната меѓусебна привлечност и придонел да се чувствуваат атрактивно.

Популарната пејачка Каролина Гочева пред околу еден месец стана заштитно лице на AVON Македонија и прв производ од богатата палета на козметичкиот гигант зад кој застанува е токму заводливиот AVON Attraction.

Каролина за Avon

„Мило ми е што ја почнуваме соработката токму со овој мирис кој секојдневно го користам. Би го опишала како магичен, секси и сензуален парфем која прави да се чувствуваш пријатно во сопствена кожа и воедно вистински го привлекува спротивниот пол како магичен афродизијак. Парфемот е личен печат на секоја жена, одраз на нејзиниот карактер и дух, а Avon Attraction е тајната на заводливите дами кои се полни со самодоверба“ – изјави Каролина.

Парфемот за Неа влегува во шумско-овошната категорија и во оваа женска верзија покрај магнетниот мошус доминираат и мирисите на капина и ванилен килибар. Во „заднина“ се насетуваат и црните орхидеи, нектарот од праска, розовиот пипер итн. Од друга страна, Тоалетната вода наменета за припадниците на посилниот пол е од шумска-килибар категорија и е со мирис на корен на ѓумбир и на распламтени дрвја.

Avon Attraction е резултат на соработката помеѓу двајца реномирани парфимеристи: Онорин Блан и Адилсон Рато. Трагајќи по интензивна сензуалност, тие креираа мириси кои евоцираат магнетизам.

Каролина за Avon

„Ме инспирираше она интензивно чувство на привлечност помеѓу двајца, како и многуте емоции кои те обземаат во тој толку краток момент“ – вели Онорин Блан која има креирано повеќе од 30 успешни парфеми меѓу кои и оние со потпис на светски ѕвезди како Гвен Стефани, Лејди Гага, Бритни Спирс, Сара Џесика Паркер и други.

Каролина за Avon

Адилсон Рато кој е креатор на мирисот за припадниците на посилниот пол, посочува дека идејата била да се прошири концептот за машката сензуалност на едно сосема ново ниво преку зголемување на влијанието на еден иновативен акорд и спојот на двете тензии на сензуалноста, свежината и топлината.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.