Пред два дена, Амира Медуњанин одржа прекрасен концерт во античкиот локалитет Хераклеа во Битола.
Како изненадување, 48-годишната босанска пејачка ја покани Каролина Гочева на сцената и заедно ја изведоа „Македонско девојче“.
Погледнете го нивниот заеднички настап во кој уживаше битолската публика:
„Завчера во Хераклеа, Амира Медуњанин ме повика на сцена заедно да ја изведеме нашата ,,Македонско девојче". Како што може да видите, не очекував да се појавам во улога на изведувач вечерта. Драга Амира, прекрасно беше, те чекаме пак!“ – напиша Каролина во описот на видеото на Facebook.
Фотографии: Ивона Кочов