Вчера, Каролина Гочева и Михаил Корубин го изговорија судбоносното „ДА“ на магична церемонија која се одржа на спортскиот аеродром „Стенковец“, во близина на Скопје.
37-годишната македонска ѕвезда изгледаше шармантно во венчаница со чипка.
Бројни македонски ѕвезди, меѓу кои Елена Ристеска, Калиопи, Тамара Тодевска, Владимир Блажев – Панчо, Александар Дадар и Весна Петрушевска, славеа заедно со среќните младенци.
„Михо и Керол од денес па натаму започнува вашата вистинска и најубава животна приказна, само што вие сами ќе си ја направите да трае и да ви е најубаво на свет.. само вие двајца и никој друг не е важен... СРЕЌЕН БРАК!!!“ – напиша Елена Ристеска во описот на фотографија со убавата невеста од свадбата.
Каролина се пресоблече во кратко бело фустанче и запеа на сцената заедно со гостите.