Тејлор Свифт беше големиот победник на овогодишното доделување на Американските музички награди.
Во рацете на 29-годишната музичарка завршија вкупно шест статуетки, со што таа го сруши рекордот за најголем број освоени АМА награди. Претходно, рекордот беше поставен од Мајкл Џексон со 23 награди, а Тејлор досега може да се пофали со 29 АМА награди.
Таа не само што победи во сите петте категории во кои беше номинирана, туку беше прогласена и за Изведувач на годината.
Тејлор ги доби наградите за Изведувач на годината, Омилен поп/рок албум за „Lover“, Омилено музичко видео за „You Need to Calm Down“, Омилен женски поп/рок изведувач и Омилен современ артист за возрасни.
Видеа
Нов изведувач на годината стана Били Ејлиш, додека Омилен изведувач на социјалните мрежи е машкиот бенд BTS.
Омилен машки поп/рок изведувач е Калид, а во рацете на Холзи заврши статуетката за Омилена поп/рок песна за „Without Me“.
За Омилен саундтрак беше прогласена музиката од филмот „Bohemian Rhapsody“.