Тејлор Свифт премиерно на MTV го објави својот најнов спот за песната „Safe & Sound“. Во меланхоличното видео 22-годишната пејачка се шета боса низ шума, облечена само во винтиџ ноќница.
Свифт откри дека за време на снимањето на спотот било многу ладно и таа се обидувала да не се тресе кога снимаат камерите. „Беше толку ладно. Замрзнував. Се тресев цело време и се обидував да не се тресам додека снимаат камерите. Беше околу 4 степени во Нешвил и имаше врнато“ – изјавила Тејлор.
За песната „Safe & Sound“ гласовите ги позајми и групата The Civil Wars, која исто така се појавува во спотот. Песната е дел од саундтракот за филмот „The Hunger Games“, кој се очекува да биде голем хит.