Дејвид Бекам прослави за својата успешна соработка со Boss. На лансирањето на неговата нова колекција долна облека за познатиот бренд, поранешниот фудбалер ја доби поддршката од своето семејство.
49-годишниот спортист позираше со 50-годишната сопруга Викторија и три од нивните деца – Круз, Ромео и Харпер. Настанот го пропушти само најстариот син Бруклин.
Дејвид заведуваше во црн класичен костум, додека Викторија избра црна делумно проѕирна креација со чипка.



Ромео беше заедно со девојката Ким Турнбул, додека Круз со саканата Џеки Апостел. Џеки беше облечена од глава до пети во креации до брендот на Викторија.





Дејвид забрзува женски срца преку рекламните фотографии и видеа за David Beckham x BOSS One. Погледнете ги:





