Синоќа во Лос Анџелес беа доделени музичките награди на iHeartRadio. Тејлор Свифт беше големиот победник на вечерта, а на сцената настапи заедно со поп-дивата Мадона.
Во рацете на 25-годишната пејачка завршија три награди – Изведувач на годината, Песна на годината за „Shake it Off“ и Најдобар текст за „Blank Space“. Свифт не ја криеше возбудата што ја прими најпосакуваната награда на манифестацијата од својот идол Мадона.
Свифт и Мадона приредија впечатлив настап, изведувајќи ја заедно „Ghost Town“. Додека кралицата на поп музиката пееше, Тејлор свиреше на акустичната гитара.
Погледнете го настапот: