Љубовната романса на Тејлор Свифт и Том Хидлстон не траеше долго. 26-годишната пејачка и 35-годишниот актер решија да се разделат по само три месеци поминати заедно.
Славната музичарка и ѕвездата од филмот „Thor“ ја започнаа својата врска во јуни, само неколку недели откако Свифт раскина со популарниот диџеј Калвин Харис.
Веста за разделбата ја потврди извор близок на поранешниот пар за „Us Weekly“. „Тејлор ги повлече кочниците на врската. Том сакаше нивната врска да биде повеќе експонирана пред јавноста, но Тејлор не се чувствуваше комфорно со тоа. Таа знаеше кои се последиците од јавното експонирање, но Том не сакаше да слуша за нејзините грижи поврзани со тој проблем. Сега тие раскинаа. Хидлстон е засрамен што нивната врска не успеа“ – изјавил изворот.