Бредли Купер и Суки Вотерхаус се разделија. Славниот пар беше во врска две години.

Американските медиуми пренесоа дека 40-годишниот актер и 23-годишната манекенка и актерка се разделиле во јануари, но по разделбата останале добри пријатели, па се појавија заедно на доделувањето на наградите Оскар.

По раскинувањето, двајцата се фокусирани на актерските кариери. Бредли го снима новиот филм „Joy“ и серијата „Wet Hot American Summer“, додека Суки го промовира „Insurgent“.
