Бредли Купер и Лејди Гага повторно се обединија. Ѕвездите од „A Star Is Born“ се сретнаа на премиера во Лос Анџелес, пет години по нивниот заеднички филм кој беше вистински хит.
На црниот тепих, Гага се појави во црн костум со впечатлив детаљ и позираше со Бредли и неговата ќеркичка Леа.
Поради силната хемија која Бредли и Лејди Гага ја прикажаа на филмското платно, пред пет години се ширеа гласини дека тие имаат афера. Но, актерите покажаа дека се пријатели и дека сè што луѓето гледаа беше само добра глума.
Настанот беше организиран по повод премиерата на филмот „Maestro“ во кој Бредли и Кери Малиган ги имаат главните улоги.
Купер, исто така, е и режисер на филмот.